Законот за ветинг пред пратениците, имотот ќе се скенира пред стапување на функција

by Фокус

Законот за ветинг е многу амбициозен, рече Артан Груби, пратеник од ДУИ, која го предложи законот во парламентот. Според него, овој закон ќе овозможи проверка на кандидатите за носители на јавни функции пред да бидат именувани.

-Се предвидува проверка на сите актуелни функционери, од претседател на држава, до член на совет на општина, управен одбор во претпријатие, министер, пратеник, како и на сите обвинители и судии, и на сите кандидати предложени за носители на јавни функции. Владата и собранието кога ќе гласаат, претходно да има проверка на лциата. Досега, институциите ги проверуваа откако ќе бидат избрани, а не претходно – рече Груби.

Поврзани новости