Законот за одложување на пописот помина во Комисијата за европски прашања

by Фокус

Во Собранието доцна попладнево заврши комисиската расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис.

-Ние завршивме во Комисијата за европски прашања и доставивме Извештај до претседателот на Собранието Талат Џафери и би требало утре да расправа Законодавно-правната комисија за пописот – изјави за МИА Арбер Адеми, претседател на Комисијата за европски прашања.

Тој додаде дека сто и еден амандман биле доставени од албанската опозиција, но тие биле неуредни, додека двата амандмани од Левица не биле прифатени од страна на Комисијата.

Поврзани новости