732
Само што започна седницата, спикерот Талат Џафери го стави Законот за јавно обвинителство на гласање, но потоа го поништи гласањето, бидејќи Лилјана Поповска била пријавена за процедурално.
На поништеното гласање имаше 74 гласа за и 32 гласа против. Откако ќе поминат процедуралните обраќања, треба да се премине на повторно гласање.
Џафери побара и службите да го проверат системот за гласање, бидејќи дел од гласовите не биле регистрирани.