Законот за медицинска марихуана повторно пред пратениците, досега се лиценцираа 29 компании

by Фокус

По неколкукратно последователно одложување на усвојувањето на новиот Закон за опојни дроги и психотропни супстанци, кој ја регулира употребата на марихуана за медицински цели, денеска повторно е ставен на дневе ред на матичната собраниска комисија за здравство.

„Со новиот предлог – закон се овозможува извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели така што на правните лица одгледувачи на канабисот им е овозможено веќе произведените количини на сув хербален производ како опојна дрога ги пласираат на пазариaте во Европа и пошироко при тоа почитувајќи ги меѓународните Конвенции и европското законодавство што ја рагулира материјата“, се наведува до образложението на законските измени.

Досега, во земјава одобрение за одгледување на канабис за медицински цели по претходно добиена согласност од Владата добиле 29 фирми, но од владата како предлагач на законот очекуваат овој број да се зголемува.

„Интересот за инвестирање во Република Северна Македонија за одгледување на канабис за медицински цели е поради поволната бизнис клима, како и ефтината работна сила на пазарот на трудот. Интересот е зголемен и поради рапидно зголемената цена на светската берза на маслото од канабис и сувиот цвет од растението канабис“, велат од владата.

Инаку, надзорот над спроведувањето на овој закон и прописите врз основа на овој закон ги вршат Министерство за здравство, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за внатрешни работи, Агенција за лекови и медицински средства, Министерство за финансии-Царинска управа на РСМ, Агенција за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и производи од канабис за медицински и научни цели и другидржавниинституции.

Поврзани новости