541
Собранието утре ќе одржи јавна расправа за нацрт-законот за јавно обвинителство. На еднодневната расправа се поканети и главниот обвинител jубомир Јовески, поранешните специјални обвинители Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска, професори и министерката за правда Рената Дескоска.
Дебатата околу текстот на законот доаѓа во време на преговори што владата ги спроведува со опозицијата за да ги обезбеди 80-те гласови потребни за одобрување на законот за јавно обвинителство.