Законот за употреба на јазиците во Службен весник е објавен со фуснота за претседателот, Ѓорге Иванов. Фусностата појаснува од кои причини Законот е објавен без потпис на претседателот.
Под Законот и под Указот за прогласување на Законот, во Службениот весник стои:
Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците се објавува без потпис на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов од следниве причини:
-Секој е должен да ги почитува Уставот и Законите (член 51, став 2 од Уставот на Република Македонија)
Како втора причина е наведена тоа што претседателот на државата, како што стои, е должен да го потпише законот, бидејќи на 14 март 2018 година и вторпат бил усвоен со мнозинство гласови од пратениците, според член 75, став 3 од Уставот.
Паѓа во очи и тоа што освен Џафери, под Указот е потпишан заменикот на Генералниот секретар, наместо Генералниот секретар, Цветанка Иванова.
Последниот дел од фуснотата објаснува дека „поради неизвршување на горенаведените обврски од страна на Претседателот на Републиката“, а поради обврската од член 52 од Уставот, претседателот на Собранието е должен да го достави Законот за јазиците во Службен весник за негово објавување.