413
Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре за напладне го закажа продолжението на 32-та седница на која на дневен ред е и третото читање на Законот за употреба на јазиците.
На овој закон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 35.000 амандмани. Засега е неизвесно дали пратениците утре ќе расправаат за амандманите и како ќе се надмине оваа ситуација која може да предизвика блокада на Парламентот или тие ќе бидат прескокнати и ќе се расправа за другите точки од дневниот ред на оваа седница.