372
Законот за експропријација, еден од петте закони за кои се предложени измени, и кои се поднесени во Собранието со европско знаменце, а се поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10-д денеска помина на собраниската Комисија за европски прашања.
Сега Комисијата за европски прашања ќе го проследи предлог-законот на натамошна постапка во Собранието. Членовите на Комисијата ги одбија трите амандмани кој ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кажа дека со предлог-законот за експропријација „ќе се експроприра приватна сопственост, меѓутоа ќе се експроприраат и градби што немаат целосна документација, односно се бесправно изградени објекти“.