Законот за дивоградби помина на ЕНЕР

by Fokus

Законот за дивоградби помина на ЕНЕР, а забелешките во наредните денови ќе бидат разгледани од Министерството за транспорт и врски. Министерот за транспорт и врски вели дека има простор за дискусија и во Владата и во Собранието.

– Ова е закон за којшто вршиме консултации низ транспарентна постапка. Ја помина процедурата на ЕНЕР, се дадоа одредени забелешки кои наредните денови ќе бидат разгледани во Министерството по што законот ќе го доставиме до Владата и кога ќе го имаме конечниот текст, ќе го доставиме и до Собранието, изјави денеска министерот Благој Бочварски, одговарајќи на новинарски прашања по увидот во градежните активности на улицата „Париска“ во Тафталиџе 1.

Поврзани новости