Законот за безбедност во сообраќајот помина на прво читање

by Фокус

Предлог-законот за безбедност во сообраќајот помина на прво читање на денешната седница на Собранието. Со овој Закон се предвидуваат казни за возење велосипед без заштитен шлем, како и казни за возење автомобил со вклучени светла преку ден.

На денешната собраниска седница, Предлог-законот го образложи заменик-министерот за внатрешни работи, Земри Ќамили, кој рече дека целта на новиот закон е надминување на на досегашните недоследности кои се јавувале во пракса, како и усогласување со европската регулатива во оваа област.

-Новините кои се воведуваат се однесуваат на дополнувања на обврските на правните и физичките лица кои изведуваат работа на пат, со обезбедување на местото на работите, истовремено се врши и промена на надлежноста за издавање на одобренија за времена измена на сообраќајниот режим на автопатишта, магистрални и регионални патишта на Министерството за транспорт и врски по претходна согласност од МВР. Во врска со употребата на мобилен телефон при возење предвидена е можноста за возачот таксист да употребува мобилен телефон, како и други уреди на начин што нема да се спречи реакцијата и возењето на возилото. Се предидува и пораст на глоби за возачот кој од земјен пат се приклучува на коловоз, кој има обврска да застане и да ја исчисти земјата од пневматиците, рече Ќамили.

 

Поврзани новости