258
Владата го испратила Законот за амнестија до Собранието, соопштија од Кабинетот на Ковачевски.
Законот е предложен да се носи по скратена постапка, а тој веќе е доставен до пратениците од страна на претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се закани дека ќе ја напушти работата на Собранието ако законот за амнестија се носи со европско знаменце.