Законот за амнестија чека потпис од претседателот Иванов

by fokus

Законот за амнестија, откако вчера беше изгласан во Собранието, е испратен на потпис кај претседателот Ѓорѓе Иванов, по што за да стапи во сила, треба да биде објавен и во „Службен весник“.

Вака информираше претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој рече дека Законот ќе биде потпишан во најбрз можен рок.

Обвинетите за случувањата од 27 април минатата година во Собранието, законски, ќе имаат пет дена да поднесат барање за амнестија.

По тоа барање, во рок од уште пет дополнителни дена ќе одлучува судот, односно Судечкот совет на чело со претседателката Добрила Кацарска, во консултација со јавната обвинителка Вилма Рускоска.

Поврзани новости