Измените на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, кој владата го достави до парламентот пред две недели, повторно се враќа на доработка. Како што изјави министерот за здравство Венко Филипче, законот што ги регулира дејностите со канабисот повторно ќе се пушти во процедура, но, како што рече, дури откако ќе се усогласат сите страни.
-Во однос на сугестиите на граѓанските организации кои што дојдоа дополнително откако го пуштивме законот во владина, а потоа во собраниска процедура, имавме уште еден состанок и тие укажаа на нивните барања и нивните барања морам да потенцирам дека во еден дел се однесуваат на тој дел од законот што го регулира канабисот за медицинска употреба, а во друг дел и на некои други аспекти. Имајќи го тоа предвид ние законот го повлековме и ќе го вратиме на доработка, а тогаш кога ќе се усогласат сите заинтересирани страни повторно ќе го пуштиме во соодветна процедура – изјави Филипче.