Закажувањето јавна дебата за репреговарање на Охридскиот договор е напад врз темелите на меѓуетничката толеранција, велат од ДУИ

by Fokus

Правејќи ретроспектива на настаните кои се случија оваа недела, од Демократската унија за интеграции (ДУИ) се осврнаа на седницата на Уставниот суд во средата на која се разгледуваше иницијативата за оспорување на Законот за употреба на јазиците. Од ДУИ велат дека се започнало со одлуката на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, да ги извршува, како што велат, партиските наредби, со тоа што закажал седница за јавна дебата за репреговарање на Охридскиот договор што според нив претставувуа директен напад врз темелите на меѓуетничката толеранција.

„Само отпорот на граѓаните го спречи овој партиски егзекутор да ги дестабилизира етничките рамнотежи кои се изградени со голем труд. Додека премиерот продолжува да молчи на нашите повици за повлекување на овие иницијативи од Уставниот суд, неговата влада продолжува со практичното ограничување на употребата на албанскиот јазик. Оваа недела јасно видовме како во законите што Владата ги испраќа во Собранието, албанскиот јазик се елиминира, што е во целосна спротивност со актуелниот Закон за употреба на јазиците“, велат од ДУИ.

Дополнително, велат дека министерката за образование предложила закон со кој се настојува да се наметне моноетничка супремација во образовниот процес, наметнувајќи ја македонската химна во сите училишта, без оглед на етникумот на учениците, што според ДУИ ќе создаде јазична и култрна асиметрија. ДУИ обвинува и дека владините претставници од „Вреди“ не можат да се спротистават на ВМРО-ДПМНЕ и оти немаат никакво влијание поради нивната потчинетост кој им овозможува да ги оштетат сите достигнувања на патот кон еднаквоста

„Демократската унија за интеграција ќе продолжи да ја разоткрива оваа антиалбанска агенда на оваа влада и корумпираното однесување на таканаречените албански претставници, кои го претворија политичкото претставување во фарса“,  се наведува во соопштението од ДУИ.

 

Поврзани новости