398
Во Кривичниот суд за денеска е закажана главна расправа во случајот „Маѓар Телеком“. За денешното рочиште се повикани сведоци.
Обвинетите поранешни раководни лица од „Маѓар Телеком“ Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, кои држеа клучни позиции во Македонски Телеком, шест години се недостапни за органите на прогонот. Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба.
Првото рочиште за овој случај се одржа во 2011 година и до крајот на 2014 година биле закажани вкупно 8 рочишта кои биле одложени бидејќи обвинетите не биле присутни или не било добиено известување дали се уредно повикани на рочиште.