Заканувачите сменија тактика, за првпат ги информираат медиумите каде се „поставени“ бомби

by Fokus

Заканувачите за дојави на бомби сменија тактика, па од денеска директно почнаа да ги информираат дел од медиумите, каде се поставени бомби.

Покрај министерството за внатрешни работи, за првпат се случува дојавите да бидат испратени до медиуми.

На листа за денеска се Канал 5 телевизија, 360 степени, Сител и Телма.

Од МВР велат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки.

Денеска (21.02.2023) е пријавено дека преку електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатајрон, Џевахир, Управен суд, Куќа на претседателот-Вила Водно, хотел „Мериот“, хотел „Александар Палас“, СЦ „Борис Трајковски“, Железничка станица – Скопје и ФФМ.

Поврзани новости