Граѓани, активисти и граѓански организации остро реагираа за вчерашниот чин, кога на новинарот на ТВ Нова. Борјан Јовановски на домашна адреса му бил испратен венец на кој пишувало „Последен поздрав“. Нивното соопштение ви го пренесуваме интегрално:
Згрозени сме од синоќешната закана врз колегата Борјан Јовановски и неговото семејството. Анонимното доставување погребален венец во неговиот дом, недвосмислено претставува кукавички чин на заплашување и морбиден обид за затапување на критичката острица на Јовановски, од страна на луѓе чиј светоглед е замаглен од омраза и желба за пресметка со неистомислениците.
Секојдневно сме сведоци на постојани напади, етикетирања и закани кон новинарите, граѓанските активисти, студентите, средношколците, професорите и сите граѓани кои не се согласуваат со политиките на оваа власт. Вербалните напади се почесто се надополнети и со закани за физичка пресметка со неистомислениците.
Синоќешниот чин на заплашување на Борјан Јовановски и на неговото семејство покажува дека овие закани навистина можат да преминат во физичко насилство, па дури и во директно загрозување на животот на слободномислечките граѓани во оваа држава.
Затоа, апелираме постојаното засилување на хајката против критичарите и неистомислениците на оваа власт да престане, а надлежните институции веднаш да ги пронајдат заплашувачите и нивните налогодавачи, како и да ги изнесат пред лицето на правдата.
Во знак на поддршка на Борјан Јовановски, како и на заложбите Македонија да биде земја во која ќе се почитуваат основните слободи и права на луѓето, денеска, ќе излеземе пред зградата на Владата и ќе го изразиме нашиот револт од грозоморниот чин на закана и заплашување на слободната мисла во државата.
Потписници:
НВО Инфоцентар, 8-ми Септември, Хелсиншки комитет за човекови права, Метаморфозис, Центар за развој на медиуми, ЦИВИЛ – Центар за слобода, Фондација Отворено општество – Македонија, Центар за современи уметности Скопје, ФОРУМ-ЦСИД, Фронт за слободата на изразување, ОКНО, Македонски центар за европско образование, Билјана Бејкова, Владимир Вангелов, Марјан Забрчанец, Инес Ефремова, Драгана Митровиќ, Верица Митровиќ, Дамир Незири, Емрах Реџепи, Славица Инџевска, Филип Стојановски, Кире Бебеџаков, Бардил Јашари, Крсте Џидров, Ели Манчевска, Џабир Дерала, Катерина М. Христовска, Билјана Јордановска, Јасна Андоновска, Филип Јовановски, Симона Спировска, Дамјан Здравев, Ивана Васева, Жарко Трајановски, Димче Велев, Елена Симоноска, Вики Младенова, Билјана Гинова, Соња Исмаил, Џелал Хоџиќ, Кристина Леловац, Никола Ристевски (Шиндре), Дејан Георгиевски, Наташа Бошковска, Васко Лазаревски, Елизабета Секирарска, Ѓорѓе Јовановиќ, Никола Гелевски, Виолета Глигороска, Кирил Мицковски, Бојан Маричиќ, Зизо Љамковски, Саша Велагиќ, Златко Митевски, Јасминка Голубовска, Виктор Алексовски, Павле Богоевски, Дејан Ристов, Владимир Христовски, Кочо Андоновски, Елисавета Бејкова, Марина Трајкова.