461
Закани за бомби се добиени утрово во пет училишта во Кавадарци. Информацијата ја потврди Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
– Денеска околу седум часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта, две средни и три основни во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Самарџиев за МИА.