489
Ќе те чекам на нишан, ќе те решам. Вакви закани му упатил четириесет и деветгодишниот М.С. од Драчево на социјалната мрежа Фејсбук на премиерот Зоран Заев.
Полицијата го приведе и секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против него за сторенo кривичнo делo „загрозување на сигурноста“, соопштуваат од МВР.
Премиерот вчера ги пријавил заканите по живот и Секторот за компјутерски криминал, по добиена судска наредба, извршил претрес во домот на осомничениот при што се откриени и одземени предмети во врска со кривичното дело.
За случајот е извесетен и дежурен јавен обвинител.