119
Испратена закана до претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.
Утрово во подземна гаража на зграда во Центар биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож на гаражното место на Кацарска.
Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
– На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР.