Адвокатката Даница Чадиева објави дека и стигнале закани дека ќе била „унаказена“, но вели дека тоа само повеќе да мотивира за да се бори против овој режим. Таа пред неколку дена во емисијата „Топ тема“ кажа дека сосема случајно сретнала судијка, ианаку еден од кандидатите за судија во Судот за човекови права во Стразбур, како излегува од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар.
-Еве и до мене стигнаа заканите. Ќе ме унаказеле, ќе ми ги скршеле двете нозе, раце, носот ќе ми бил пукнат, а фацата унаказена. Епа бандо од ДПМНЕ, како Ви успева со секој потег да ми дадете мотив плус за делување против овој режим на секој можен начин?! Со последнава закана исто, како што велат далматинците на сињска алка “право у сриду”… Нема да ме исплашите, доаѓаат убави времиња. А Вие останатите, драги мои истомисленици, ако видите некоја жена со гипс на главата, рацете и нозете на протестиве да знаете дека сум ЈАС:) Се гледаме!, напиша Чадиева на својот Фејсбук профил.