Пратеничката и потпретседателка на ЛДП, Моника Зајкова на работна посета во Букурешт, Романија се сретна со Сенаторот Раду-Михаи Михаил, кој е координатор за надворешни работи на УСР и член на Националното биро но и шеф на романската делегација во ПС на ОБСЕ.
– Северна Македонија направи многу, особено со договорот од Преспа и заслужува да биде дел од Унијата. Затоа е потребна поддршка на земјите од регионот за да можеме да чекориме напред сите заедно, а со тоа да ги увериме граѓаните дека иднината ни е во европското семејство. На оваа средба разговаравме за билатералната соработка помеѓу земјава и Романија и се согласивме дека сите чинители, а вклучително и сестринските партии треба меѓусебно да лобираат, да соработуваат, да разменуваат искуства, да се поддржуваат за своите земји на евроинтегративниот пат затоа што тоа е клучно доколку сакаме напредок во овие процеси, истакна пратеничката Моника Зајкова.
Михаил истакнал дека Романиjа е силен поддржувач на Северна Македонија во евроинтеграциските процеси и дека ниту еден билатерален спор не смее да биде пречка на патот кон ЕУ.