Потпретседателката на ЛДП, Моника Зајкова од собраниската говорница вчера порача дека клучот за промена е кај политичките партии.
-Несомнено е дека на оваа дебата доминира ставот ЗА промена на изборниот модел. Но, блокадата на законските предлози за воведување една изборна единица и отворени листи, уште еднаш потврдува дека клучот за промена е кај политичките партии. Затоа сите политички партии, треба искрено да си одговориме на едно прашање: Дали сакаме да ја унапредуваме демократијата во државата, да ставиме крај на партизацијата и да ги отвориме вратите за квалитетот, за различноста, за еднаквоста? Откако сите ќе одговориме искрено на овие прашања, одговорот на прашањето дали на нашата држава и e потребна промена на изборниот модел ќе дојде сам по себе“, рече Зајкова.
Таа рече дека неопходна е демократизација на институциите, демократизација на системот и дека тоа може да се постигне само доколку од корен се решаваат проблемите.