Зајкова: Јас и мојот колега од ЛДП немавме покана да ја потпише иницијативата за недоверба на Владата

by Fokus

Не толкувам туѓи изјави како таа на пратеникот Реџепи дека очекувал да го стави својот потпис до пратениците на ЛДП, а не на Левица, јас и мојот колега од ЛДП не добивме никаков предлог да се приклучиме кон иницијативата за гласање недоверба на Владата, рече пратеничката од ЛДП Моника Зајкова во гостувањето на Телма.

-Треба да почекаме да дојде четврток и треба да ја стабилизираме состојбата, премногу долго се разговара за оствката на Зоран Заев и треба да биде затворена тема, консултациите сеуште течат, премиерот ќе си замине и за нас е важно да имаме нов лидер со визија и да го одржува и мнозинстовото, дополни таа.

Пратеникот Скендер Реџепи – Зејди во синоќешното гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ рече дека бил прелажан бидејќи Зијадин Села му рекол дека не доаѓа во предвид Левица да биде дел од ова мнозинство и дека тој тргнал да ја потпишува иницијативата бидејќи мислел дека во тоа мнозинство ќе бидат БЕСА и ЛДП, а не Левица, а потоа се премислил.

Поврзани новости