Во нашата политичка историја некогаш сме чекале времето да ги реши нашите проблеми, а плодовите да дојдат сами по себе, а некогаш па сме се тркале со времето очекувајќи дека во пет до 12 ќе се случи некој магичен пресврт, времето, чекајќи го или трчајќи по него, не прегази, рече пратеничката на ЛДП Моника Зајкова на денешното обраќање во Собранието.
-Немаме ниту една минута, да се однесуваме неодговорно и теснопартиски, наместо државнички. Ова го потенцирам бидејќи досегашните дискусии на колегите пратеници од опозицијата, без токму такви –теснопартиски – чиста загуба на времето кое го немаме на претек. Изборот на оваа Влада го правиме во едно тешко времекога се соочуваме со здравствена, економска и енергетска криза што го зафати целиот свет, вклучително и нашата држава. Овие предизвици со кои се соочуваме и прашањата кои треба да ги решаваме го обврзуваат идниот премиер и министрите да работат двојно повеќе, да бидат двојно поодговорни и поефикасни бидејќи граѓаните тоа од нас го бараат, додаде таа.
Зајкова потенцираше дека граѓаните бараат одговорност и резултати од сите. Од власта, но и од опозицијата. И од Владата, и од сите пратениците.
-За жал и оваа денешна седница покажа дека опозицијата не ја научила лекцијата од минатото и не може да излезе од шините на тесноградната партиската политика на поделби и напади, а без решенија и предлози. Јас сум задоволна што денеска, како предлог имаме амбициозна Програма, која ги детектира слабите точки,гарантира економски раст, напредок и развој на државата, грижа за сите, продолжување на европската интеграција, рече Зајкова.
Таа додаде дека Либерално-демократкската партија особено е задоволна во владината програма значајно место имаат голем дел од либералните заложби, кои ќе обезбедат подобар живот на граѓаните и развој во попрогресивно општество.
-Ќе потенцирам само неколку од нив како: унапредување на демократијата, слободата и човековите права, младите во фокусот,регулација на криптосредствата, продолжување на процесот на децентрализација, декриминализација на канабисот, енергетска транзиција, измени на Изборниот законик итн, рече Зајкова.
Според неа една од најзначајните политики е онаа за младите од Програмата на Владата,бидејќи истите се најмалку предмет на дискусија, а она што не засега сите младите да ги задржиме тука да ја градат сопствената иднина и перспектива.