Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште

by Fokus

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски се покажал како „крволочно чудовиште“.

„Володимир Зеленски, кој најави дека сака да испрати странски воен персонал во Украина, се покажа како крволочно чудовиште, кое веќе ги уништи сопствените граѓани и планира да уништува странци“, изјави Захарова за РИА Новости.

Руската агенција потсетува дека Зеленски претходно на состанокот на групата Рамштајн зборувал за испраќање странски воен персонал во Украина уште пред крајот на конфликтот.

„Тој едноставно ги уништи сопствените граѓани, сега е негов ред да ги уништи оние што ги сметаат за свои сојузници. Тој очигледно се сметаше себеси за некаков месија, но испадна дека е крволочно чудовиште“, рече Захарова.

Поврзани новости