Захарова: Заканите станаа рутина

by irena 16:30
16:30

Толку многу санкции се воведени против Русија што тоа веќе е преседан, а заканите за нови ограничувања станаа рутина – изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија – Марија Захарова, реагирајќи на најновите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп во овој контекст.

Ниту една закана, без разлика од кого доаѓа, не може да има позитивно влијание врз процесот на нормализација на односите“, нагласи Захарова на редовниот брифинг во Москва.

Рокот за решавање на украинското прашање истекува за десет дена, почнувајќи од денес“, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи за можни економски мерки доколку нема напредок во преговорите.

Според неговите зборови, Вашингтон се стреми да постигне договор со Москва во рок од десет дена, во спротивно САД ќе воведат царини за увоз“, пренесува Спутник.

Слични вести