795
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова на својот Фејсбук профил ги сподели своите впечатоци за победата на Украина на Евровизија.
„ Ќе се согласите, без победата на Украина на Евровизија, сликата за тоа што ѝ се случи на оваа земја не би била целосна. Народни носии и музички инструменти, бабарога на жици, брејк денс и извици за Азовстал. Овации од Европа“ напиша Захарова.