Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја обвини Украина дека ја „држи Европа во заложништво“ со ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина.
Да потсетиме, нуклеарната централа е под контрола на руските сили од март, а последните денови Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање и ракетирање на областа Запорожје. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) беше поканета да изврши увид во нуклеарната централа.
„Лидерите на ОН и МААЕ не се осмелуваат директно да именуваат кој е заканата. Тие јасно покажуваат дека не се подготвени да го вперат прстот во Киев“, изјави денеска Захарова.
„Тие ја зедоа цела Европа како заложник и немаат ништо против да ја запалат нуклеарната централа во име на нивните нацистички идоли“, тврди Захарова.