Москва не ја исклучува можноста во Украина да се подготвува антируска провокација со отровни материи од западно производство со цел да се обвини Русија за употреба на хемиско оружје, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
„Постои можност да се организира уште една антируска провокација со употреба на отровни материи од западно производство, за потоа да се започне нова кампања во структурите на Обединетите нации и светските медиуми во која би била обвинета нашата земја. за наводната намерна употреба на хемиско оружје“, рече Захарова.
Како што нагласи Захарова, според достапните информации, во подготовката на ваква провокација активно учествува и Службата за безбедност на Украина, која за таа цел ја ангажирала украинската компанија Реалаб од Киев.
„Таа е специјализирана за увоз на хемиски реагенси и прекурсори. Преку оваа компанија во октомври-ноември годинава е набавена таканаречена мала серија триетаноламин и натриумови соединенија кои содржат азот, од американски компании“, додаде таа.