Захарова: На ЕУ може ѝ треба нуклеарна Украина

by Fokus

Во овој театар на апсурдноста, постои можност на ЕУ да ѝ треба нуклеарна Украина, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

За тоа, според неа, сведочи отсуството на реакција на ЕУ на изјавите на официјален Киев дека земјата треба да добие нуклеарен статус.

„Имајќи предвид дека луѓе како (германската министерка за надворешни работи) Анален Бербок се на власт во земјите од Европската унија, не ја исклучувам можноста дека ќе им треба и нуклеарна Украина во тој театар на апсурдот. Тие зборуваа за тоа. Во последниот случај, тие не го опоменаа Зеленски кога кажа такви глупости на конференцијата во Минхен“, истакна Захарова.

 

 

Поврзани новости