Русија нема намера да оди по патот на нуклеарна ескалација, но ги советува сите да не го тестираат своето трпение, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Според неа, Москва ќе направи се за да спречи настаните да доведат до најлошото можно сценарио.
– Во исто време, никому не препорачувам да се сомнева во нашата одлучност и да го тестира нашето трпение – нагласи Захарова, пренесува „Раша тудеј“.
Претходно, директорот на Службата за стратешка контрола и неширење на оружјето при руското Министерство за надворешни работи, Владимир Јермаков, изјави дека Москва признава дека постои можност за преземање асиметрични мерки, доколку Америка и НАТО тргнат по патот на ескалација со распоредување нуклеарно оружје во Европа.
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, близок сојузник на Путин, претходно оваа недела изјави дека светот „веројатно е на работ на нова светска војна“.