279
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија Захарова, денеска ја обвини Украина дека продолжува да спроведува терористички активности.
Таа рече дека Русија има намера да продолжи да го покренува прашањето за „варварските дејствија на режимот на украинскиот претседател Володимир Зеленски“ и неговите спонзори во ОН и други мултилатерални платформи.
Според неа, Москва постојано го привлекувала вниманието на меѓународната заедница на релевантните факти, пренесе РИА Новости.