Захарова: Југословенско сценарио – убиваат и предизвикуваат рак!

by Fokus

Плановите на Велика Британија да испрати гранати со осиромашен ураниум во Украина е југословенско сценарио, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Југословенско сценарио. Овие гранати не само што убиваат, туку и ја загадуваат животната средина и предизвикуваат рак кај луѓето кои живеат во тие области“, напиша Захарова на Телеграм.

Таа потсети дека во поранешна Југославија поради лоша здравствена состојба настрадале пред се војниците на НАТО, поточно Италијанците, кои потоа долго време оделе на суд за да добијат отштета од Алијансата за загубата на здравјето, но нивните барања биле отфрлени.

„Кога ќе се разбудат во Украина? Не зборувам за зависниците од улицата Банкова, туку за оние кои сè уште можат да размислуваат. Нивните добродетели ги трујат“, додаде Захарова.

Британската министерка за одбрана Анабел Голди рече дека Лондон, заедно со тенковите „Челинџер два“, треба да ѝ испрати на Украина разновидна муниција, вклучително и „гранати што пробиваат оклоп“ што содржат осиромашен ураниум.

– Овие куршуми се многу ефикасни за поразување на современите тенкови и оклопни возила“ – рече таа.

 

Поврзани новости