0
Целосното спроведување на договорот меѓу Израел и Хамас треба да биде главна задача на меѓународната заедница, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за одбрана Марија Захарова, опишувајќи ги изјавите на Трамп за Појасот Газа како популистички.
„Секакви дискусии, изјави од таков популистички, несериозен карактер, безобразни планови за какви било други палијативни мерки, во сегашната фаза се контрапродуктивни и не придонесуваат за решавање на проблемот, тие само ги зголемуваат тензиите“, рече Захарова, пренесе руската агенција Интерфакс.
Според Захарова, ситуацијата во Газа е „претворена во катастрофа“ и пред сè, неопходно е да се пружи помош на сите на кои им е потребна и да се одржи долгорочен прекин на огнот.