Захарова: Хаг не е надлежен за специјалната воена операција во Украина

by fokus

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека претставници на Москва не присуствуваат на седниците на Меѓународниот суд на Обединети нации во Хаг за тужбата на Украина против Русија, бидејќи прашањето за специјална воена операција е вон негова јурисдикција.

– Како што знаете, денеска беа дадени одредени изјави поврзани со сослушувањата во Хаг, на кои Украина се обидува да го искористи Меѓународниот суд на правдата, истакна Захарова.

Таа додаде дека Русија одлучила да не учествува во сослушувањата.

– Овие сослушувања не се наменети да се разговара за прашања што Украина се обидува да ги покрене. Тоа е вообичаена тактика. Оценуваме дека судот не е надлежен за специјална воена операција, која украинската страна сака да биде разгледана, наведе Захарова.

Таа посочи дека Русија го објаснила својот став пред Меѓународниот суд на ОН преку пишана форма.

Поврзани новости