0
Експлозиите во Генералниот конзулат на Руската Федерација во Марсеј имаат знаци на терористички напад и Москва бара темелна истрага од Франција, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Експлозиите на територијата на рускиот генерален конзулат во Марсеј ги имаат сите обележја на терористички напад. Бараме државата што ги акредитира да преземе сеопфатни и брзи мерки за истрагата, како и чекори за зајакнување на безбедноста на руските странски мисии“, рече Захарова, пренесува ТАСС.
Рускиот генерален конзул во Марсеј Станислав Орански потврди претходно денеска дека утринава се случила експлозија во внатрешноста на конзулатот, но дека нема жртви.