Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека е голема грешка одлуката на властите на Северна Македонија да и донираат на Украина тенкови Т-72.
-И покрај тоа што, според северномакедонските власти, тоа е „безопасна“ донација на застарена опрема, останува фактот дека лојалното кон НАТО Скопје е вклучено во испораката на оружје а Украина, со што придонесува за продолжување на криминална активност на режимот во Киев против цивилното население во Донбас. Луѓето кои исповедаат демократија, слобода и човекови права треба да го знаат тоа. Сето ова води кон дополнително влошување на ситуацијата. Сметаме дека ова е голема грешка на раководството на Северна Македонија, вели Захарова во изјавата објавена на веб страницата на МНР на Русија.