Посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Киев и неговиот настап во еден од локалите во главниот град на Украина изгледаат како американскиот функционер да дошол да се потсмева и да го исмева украинскиот народ, за чија сегашна состојба вината ја сноси САД.
Ова го изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија Захарова, за радио „Спутник“.
„Јас лично би сугерирала дека сите овие песни со гитара, оваа безобразност во начинот на кој информациите се презентирани од самиот Блинкен, овој презир, оваа апсолутна ароганција, овој постојан цинизам… Имам чувство: можеби ова е намерно? Или можеби ова се прави намерно на овој начин. А можеби е ѓаволски танц на украинските коски, на американскиот ментор на Зеленски“ – истакна Захарова.
Таа потсети дека постои мислење дека „криминалецот секогаш се враќа на местото на злосторството“.