Захарова: Ако Киев е вмешан во смртта на Дарја Дугина, тоа е државен тероризам

by Fokus

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, се огласи преку социјалните мрежи по смртта на руската новинарка и политиколог Дарја Дугина.

„Руските власти ја истражуваат смртта на Дарја Дугина. Ако се потврди украинската трага, а оваа верзија ја претстави лидерот на ДНР, Денис Пушилин, и мора да биде проверена од властите, тогаш тоа е политика на државен тероризам спроведена од режимот во Киев“, напиша Захарова на Телеграм.

Поврзани новости