Захариева: Се надевам дека Бугарија ќе биде меѓу првите што ќе го ратификуваат договорот за приклучување на Македонија во НАТО

by Fokus

Се надевам дека Бугарија ќе биде една од првите држави што ќе го ратификуваат договорот за присоединување на Македонија во НАТО, оти тоа е од национален интерес за Бугарија, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

– Бугарија има интерес Македонија да биде наш сојузник во НАТО. Истото се однесува и за влезот на Македонија во Европската унија, рече шефицата на бугарската дипломатија.

Посочи дека ратификацијата во бугарскиот Парламент може да се случи веќе наредната седмица или таа после неа, со што Бугарија ќе биде една од првите држави што ќе го ратификуваат договорот за пристапување на Македонија во НАТО.

Поврзани новости