Македонскиот претседател Стево Пендаровски не ги штити интересите на својата татковина туку служи на политиките на Србија и Русија на Балканот, вели поранешната вицепремиерка и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева и актуелна претседателка на Комисијата за надворешна политика.
Таа бара остра реакција од Бугарија за изјавите на Пендаровски.
-Бугарија мора да има многу дефинитивна и остра реакција на изјавата на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. За жал, ова не е првпат да дава остри изјави кои не помагаат во развојот на билатералните односи, вели Захариева.
Таа се надева дека македонската влада нема да го прифати барањето на Пендаровски за прогласување бугарски политичари персона нон грата.
-Силно се надевам дека македонската влада нема да го прифати неговото барање, бидејќи тоа многу повеќе ќе ги ескалира билатералните односи. Ова ќе им служи во интерес токму на оние бугарски политичари кои нема да бидат пуштени да влезат на територијата на Северна Македонија. Некои од нив исто така не помагаат за нормализирање на односите, рекла Захариева.