Захариева: Новата методологија не треба да го спречува почнувањето преговори со Македонија

by fokus

Новата методологија не треба да го спречува процесот на проширување на Европската Унија и почнувањето преговори за членство со Македонија и Албанија, изјави денеска шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.

Захариева изјави дека за време на денешната средба со нејзиниот турски колега, меѓу останатото, е разгледана новата методологија за проширување на ЕУ. Таа истакна дека за тоа прашање треба да се чека одлуката на Евроспската комисија, што ќе биде објавена на 5 февруари, пренесе БГНЕС.

– Преговорите и одобрувањето на новата методологија не треба да бидат причина за запирање на тековните процеси, како што е започнување преговори со Северна Македонија и Албанија, подвлече Захариева.

Советот во ЕУ во октомври 2019 година не донесе одлука да се почнат преговори со двете земји, поради противењето на францускиот претседател Емануел Макрон, кој ги обврза преговорите со реформа на Унијата и изработување нова методологија.

Позицијата на Париз беше осудена од повеќето земји членки на ЕУ, кои сметаат дека одложувањето на почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија ќе ги обесхрабри двете земји.

Поврзани новости