Захариева незадоволна- требало да се бројат и Бугарите надвор од Македонија

by fokus

Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија и пратеничка на ГЕРБ, Екатерина Захариева не е задоволна од пописот во Македонија, односно од бројот на изборени Бугари во Македонија.

-Податоците според кои во Македонија има само 3.504 Бугари се фалсификувани и здруженијата на Бугарите во земјава наскоро ќе излезат со официјален став. Најчудно е што не се бројат Бугарите кои се надвор од државата, за разлика од другите етнички групи. Не треба да заборавиме дека во последните 15 години 86.566 граѓани добиле бугарско државјанство, изјавувајќи пред нашите власти дека се идентификуваат како Бугари. За жал, уште еднаш сме сведоци на старата државна политика – дискриминација на Македонците со бугарска самосвест и обид за нивно маргинализирање, вели Захариева.

Според неа, ваквото мешање во правото на самоопределување е апсолутно неприфатливо и е во спротивност со вредностите на Европската Унија.

Поврзани новости