577
Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, коментирајќи ги последните случувања на релација Скопје – Софија, вели дека во земјава е предизборен период и дека „мудра надворешна политика значи да не влегуваш во предизборната кампања и да не се фаќаш на таа јадица“.
-Не е првпат тамошните политичари да ја употребуваат Бугарија во предизборна кампања. Започна ВМРО-ДПМНЕ за ние да реагираме, за да кажат – еве, гледајте. Нема да се фаќаме на таа песна. Ние имаме јасна позиција во однос на Република Северна Македонија, секогаш ќе ги поддржуваме, само под јасни услови, тие не се сменети. Изборите поминуваат, соседите остануваат. Географијата е најнепроменливото нешто во ваков непредвидлив свет, соседите остануваат- изјави денеска Захариева во интервју за бугарската телевизија „Канал 3“.