Бугарската министерка за надоворешни работи, Екатерина Захариева на заедничката прес-конференција со нејзиниот македонски колега Бујар Османи одговарајќи на прашање од 360 степени рече дека Бугарија го признава правото на самоопределување на македонските граѓаните, но вели дека тоа не смее да води кон оспорување на националниот идентитет на населението во Бугарија.
-Јас сум зачуешто меморандумот се прими како изненадување. Сите години нашата поддршка за ЕУ и НАТО минува низ признавањето на историските реалности и вистини кои доведоа до создавање на Република Северна Македонија и правото на граѓаните да се самоопределат како што ќе одлучат. Во исто време, тоа не треба да води кон оспорување како што, за жал продолжува до ден денес да се случува, со нарушување на Договорот кој го потпишавме, на националниот идентитет на населението во Бугарија. Немаме против македонските граѓаните да се самоопределат како што сакаат. Никогаш не сме имале. Во Договорот имаме и договорна јазична клаузула. Ние сакаме да се примени така. Тоа се оспорува од вас, не од нас. Ние со меморандумот потсетуваме што има во нашиот Договор. Мислам дека нема ништо поубаво од тоа две соседни држави да имаат заедничка историја, која ќе им биде мост за иднината, смета Захариева.