Захариев: Поради Груевски, сите патишта водат кон Штип

by Фокус

Кандидатот за градоначалник на општина Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев, на денешниот митинг во овој град истакна дека благодарение на Владата предводена од Никола Груевски сега сите патишта водат кон Штип.

-Патот до Велес е веќе завршен, а автопатот до Скопје 90 отсто завршен. Се гради експресен пат према Кочани, се гради и нова Клиничка болница, се направи Универзитетот „Гоце Делчев“, гасификацијата е завршена, имаме нова ТИР зона, а после 2020 година ќе имаме и нов аеродром – истакна Захариев.

Поврзани новости