Обвинителката Вилма Русковска во денешните завршни зборови за 27 април за прв пат кажа што рекол загрозениот сведок кој својот исказ го даде претходно зад затворени врати.
Таа рече дека сведокот Ѕ1 посведочил дека упадот во Собранието се случило по директива на пребеганиот екс премиер, Никола Груевски.
-Сведокот Ѕ1 на главната расправа наведе дека Јане Ченто бил постојано во комуникација со Митко Чавков од кого добивал насоки во случај на влез во Собрание да се онеспособат камерите и бил информиран каде би можеле да се наоѓаат пратениците, во кој дел од Собранието. По настаните во Собранието, сведокот наведе дека Ченто и Нинџа биле лути на Чавков, дека ги организирал да влезат во Собрание по директива на Груевски, а сега ги оставиле на цедило – рече Рускоска.
Според загрозениот сведок, додаде таа, комуникацијата меѓу Ченто и Чавков се одвивала преку Вибер.