Загрозени новинари и неслободни медиуми меѓу главните критики на Европскиот Парламент кон Србија

by Fokus

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик, изјави дека извештајот на Европскиот Парламент за Србија претставува правична оценка за состојбата во земјата и нагласи дека се неопходни реформите во судството, подобрувањето на квалитетот на демократијата и дека напредокот мора да се види во делот за слободата на медиумите.

„Нападите врз новинарите и тужбите против новинарите се неприфатливи“, рече Билчик на прес-конференција по седницата на Европскиот парламент.

Тој посочи дека се очекува Србија да ги почитува строгите мерки против Русија.
Неслободата на медиумите и заканите кон новинарите се меѓу главните критики на европските пратеници упатени кон властите во Србија.

Зборувајќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Билчик истакна дека без никакво одлагање се очекува целосна имплементација на договорот за нормализација прифатен во Брисел и Анексот договорен во Охрид и формирањето на Заедницата на српските општини.

Тој рече дека не му се допаѓа да се префрла вината само Белград за тоа што српската страна ги бојкотирала изборите на северот на Косово и дека тоа е одговорност на двете страни.

Поврзани новости