Загрижувачки е што во Сарај немаше ниту еден, а сега има повеќе од 40 заразени, истакна Зибери

by Fokus

Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје.

Според последните статистики, најмногу заболени има во Сарај 7, потоа во Бутел-4,  Чаир-3, Аеродром-3,Студеничани-2,Гази Баба-1, Шуто Оризари-2, Кисела Вода-1 и Карпош-1.

Во последните неколку недели, овие скопски општини се најмногу на мета на Ковид 19, односно најмногу од заразените доаѓаат од таму.

Директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери во изјава за „Фокус“ вели дека најзагрижувачки се бројките во општина Сарај.

„Во моментов во сите општини има луѓе кои што се заразени со Ковид 19. Но, општини со поголем број на заразени се Аеродром, Центар, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир и Ѓорче Петров.  Загрижувачки е последнава недела, општина Сарај каде што до пред неколку дена немавме ниту еден заразен  и одеднаш сега имаме околу 40 случаи – вели Зибери.

И.М.

 

Поврзани новости